Психологот Георгиев: Во настанот со извидничкиот камп дефинитивно имаме педофили!

by Fokus

Скандалот со извидничкиот камп за кој објави „Слободен печат“ се уште ја тресе јавноста во Македонија, предизвикувајќи остри реакции кај граѓаните.

Психологот Иван Георгиев за „Фокус“ даде став околу оваа ситуација, која според него е крајно недозволива и застрашувачка.

Ниеден човек на било која возраст, а најмалку децата треба да бидат изложени како плен на нечија изопачена сексуална фантазија. Најостро ги осудувам ваквите постапки, а самиот факт дека овие луѓе воопшто дошле до ситуација да го планираат и реализираат овој план е уште по застрашувачки. Дали спроведениот камп и планираните настани за истиот се одобрени со консензус од некоја институција? Во овој настан дефинитивно имаме педофили, кои со својата изопачена фантазија го замислуваат настанот, и злоставувачи на деца кои како втор ред го ставаат планот во пракса“, истакна Георгиев.

Кога ќе се помине низ ваков скандал, траумата не е лесна ниту за родителите, ниту за децата кои биле учесници. Жените можат да доживеат нарушување на личноста и симптоми на нестабилност и импулсивност.

Овој настан не е ништо помалку од сексуален чин извршен без дозвола. Сексуалната траума од детството е поврзана со посттрауматско стресно нарушување (ПТСН), депресија, самоубиство, проблеми со алкохолот и нарушувања во исхраната. Преживеаните може да доживеат низок сексуален интерес и тешкотии во врската како и да се вклучат во сексуално однесување со висок ризик. Ваквиот настан може да остави последици дури до степен на пост-трауматски стрес на кој веднаш мора да му се посвети внимание“, истакна Георгиев.

При вакви немили настани, помошта од психолог за родителите и за децата е повеќе од потребна со цел побрзо и посмирено да се надмине траумата.

Во ваквите моменти, ние како стручни лица мораме да бидеме на располагање за овие родители и деца, и општо за сите оние кои се биле во вакви или слични сценарија. Отворениот разговор може многу да помогне во ваквите ситуации, особено во пребродувањето на трауматското сценарио и за да се избегнат тамошните последици“, анализира нашиот соговорник.

Во последните години се почесто се пријавуваат случаи на сексуално предаторство, педофилија и злоставување на деца. Тука, вели Георгиев, на располагање стојат сите оние кои се застапници на оваа наука и неисцрпно ќе работат кон помагање на сите оштетени странки.

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости