Психологот Чучкова: Светот зборува за правата на лицата со ментални попречености, кај нас за асфалтирани улици

by Fokus

Денеска е Светскиот ден на менталното здравје кој има цел да ја подигне свеста за менталното здравје низ целиот свет и да ги мобилизира напорите за елиминирање на стигмата.

Психологот Ана Чучкова преку социјалните мрежи апелираше да се преземат мерки за луѓето кои силно ги чувствуваат последиците од пандемијата на ковид-19.

„Додека светот зборува гласно за правата на лицата со ментални попречености кај нас се зборува единствено за асфалтирани улици и поставување на ново WC . Додека никнуваат 108 агенции со чудни имиња и чудни вработени, барав име на некоја агенција која ќе го содржи поимот “ментално здравје”. Ниту една, ниту некој се сетил, макар и лажно, да направи некоја таква агенција. Две години апелираме дека мора да се пронајде решение за ментално загрозените од Ковид 19. Но, наидуваме на зачудени погледи а понекогаш и на исмевање со зборовите” кој им е крив што се лабилни личности,не е државата!” Еве јас ќе ви кажам, крив е секој кој крева рамења а е на позиција. Крив е секој кој незнаењето го крие зад “не е до мене”! Ситуацијата со менталните последици од пандемијата веќе станува алармантна, поради негрижа и несвесност. Затоа на овој ден, Денот на Менталното здравје, немам желба ништо да честитам, напротив ,уште еднаш да апелирам за превземање соодветни мерки. Овој народ треба да биде пред се здрав за да може да гради и создава“, вели Чучкова.

Поврзани новости