Психијатарот Васка Митова во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 говореше за проблемот со Јавна соба, кој повторно се актуелизира пред неколку денови.
Според неа, многу треба да се внимава што се споделува на социјални мрежи, кои стануваат се понебезбеден простор во интернет сферата.
„Има искривени вредности во ова општество. Нашето дејство би имало поголем ефект врз самите жртвите, отколку предаторите („фраерите“), има малолетни девојчиња кои се многу храбри за тоа да го обелоденат. Имало девијантни појави кај нас слично како и во Србија, и кај нас има слични појави, но стигматизирано е. Сведоци сме на катастрофални коментира по социјалните мрежи, обвинувачки за самите жртви. Мислам дека не сме свесни за она што се случува. Добро е што се обелодени се, за да може да се решава правно. Социјалните мрежи се матно поле, законските регулативи се недообјаснети, но индиректно, влијаат врз жртвата, влијае социјалната мрежа и на јавното мислење. Кај нас секој може да напише што сака, затоа треба да се поврати довербата во системот, дека може да те заштити. Самите жртви, младите пред се, можеби треба да се повнимателни во споделувањето на содржини, не е безбеден тој простор“, истакна Митова.