Првото бебе во Велес во 2021 година се роди синоќа – мајката се породила сама дома

by fokus

Во дом на улица „Максим Горки“ бр 80 во Велес, синоќа во 21:30 е родено првото бебе во Велес годинава од мајката Симона Панова (23). Мајката сама се породила дома и на свет донеле здраво и живо женско бебе тешко 2,980 кг и долго 51 сантиметар.

Била повикана Итна медицинска помош и д-р Марјан Мишев кои само констатирале дека бебето е веќе родено по што бебето и мајката биле транспортирани со возило на Итна помош на Гениколошко –акушерското одделение при велешката Општа болница,информира за МИА, д-р Василка Панова Поп Стефанова началник на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом. И бебето и мајката се во добра здравствена состојба.

Инаку на 23- годишната Симона Панова и нејзиниот сопруг Љупчо Митров ова им е прво бебе.

Во велешката болница лани се родени 413 бебиња од кои последните две родени на Гениколошко- акушерското одделение се машко и женско бебе, родени на 30 декември. Инаку за цел месец декември биле родени 31 бебе.

Споредено со претходната 2019 година кога се родиле 473, лани има за 60 бебиња помалку. Пред еден месец во домашни услови се породила и жена во Градско, на која тоа и било четврто бебе.

Поврзани новости