Прво во тунел за дезинфекција, па на пазар во Кавадарци

by fokus

Тунел за дезинфекција на луѓе од денеска е поставен пред градскиот пазар во Кавадарци, како една од многубројните превентивни мерки против корона вирусот кои ги презема кавадаречката локална ссмоуправа.

– Се приклучуваме кон светските практики за борба со вирусот. Пазарот е најфреквентното место во градот. Тунелот испушта водена прашина во која има еколошки био раствор кој ги неутрализира бактериите и вирусите. Идејата е да се постигне максимална заштита на луѓето кои влегуваат и излегуваат од градскиот пазаришен простор. Тунелот го добивме како резултат на иницијатива и донација од општествено одговорни субјекти, нагласија од локалната самоуправа.

Електронскиот дел на тунелот е изработен и дониран  од професорот иноватор Димитрија Ангелков.  Донирале и дизајн студио „Нова-М”, „Грин хаус”, автосервис „Автомито”. МИА

Поврзани новости