Прво тој неа, па потоа таа него – сопружници со пријави за семејно насилство

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне околу 17.30 часот во СВР Скопје, 22 – годишник од Скопје пријавил дека во петокот околу 13.30 часот во неговиот дом на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неговата 26-годишна партнерка од Скопје, која оштетила и дел од покуќнината.

Рано утринава, во 05.00 часот, и неговата партнерка пријавила дека на 09. овој месец на подрачјето на Центар тој физички ја нападнал неа, а со нејзиниот поранешен партнер двајцата имале физичка пресметка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости