666
Денеска започна голем штрајк во образованието. Штрајкот очигледно е започнат, а не им се даде шанса на преговорите од страна на СОНК од каде почнаа со штрајкот иако имаше апели да продолжат разговорите, вели Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.
-Прво беше зголемување на минималната плата, второ беше усогласување на платите со минималната во рок од шест месеци и за тоа се согласи и СОНК кој сега штрајкува. На преговори се договоривме за тие шест месеци период и СОНК се согласи, а три дена по покачувањето на минималната плата СОНК прогласува штрајк, рече Битиќи во гостување на „Утрински брифинг“.
Според него, ние како општество поминуваме низ процеси кои не се случувале порано, се дава шанса за разговори и преговори.