Прво Русија ме прогласи за персона нон грата, па ме разрешија, се жали Кривокапиќ

by Фокус

Ранко Кривокапиќ, кој синоќа на седницата на Парламентот на Црна Гора беше разрешен од функцијата министер за надворешни работи, денеска на Твитер објави дека тоа се случило седум дена откако Руската Федерација го прогласи за персона нон грата.

„Драги пријатели, ви благодариме за плодната соработка. Секоја чест за Украина“, рече Кривокапиќ.

Парламентот на Црна Гора ги разреши министрите за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ на предлог на премиерот Дритан Абазовиќ, на чија влада претходно и беше изгласана недоверба.

Ова е првпат во парламентарната историја министри да бидат разрешени од влада која веќе добила недоверба.

Пратениците гласаа пред почетокот на молкот за локалните избори закажани за в недела на 23 октомври.

Поврзани новости