Прво интервју на Трамп откако го победи Ковид-19: Ова е многу заразна болест!

by fokus

Доналд Трамп го даде своето прво телевизиско интервју пред камера откако се зарази со корона вирусот на 1 октомври.

Трамп се појави синоќа на телевизијата Фокс њуз, каде рече дека се чувствува многу добро. Во разговор со д-р Марк Сигел, тој рече дека е повторно тестиран и дека смета дека е или негативен или скоро негативен. Тој додаде дека не знае кога му ќе му биде направен следниот тест.

На прашањето како се чувствувал во болницата, тој рече дека бил уморен и дека ја немал енергијата што ја има нормално. Тој исто така рече дека сметал дека можел да ја напушти болницата порано по земањето на лековите.

„Сакаа да ме остават на набљудување, но јас сакав да заминам по првиот ден“, рече Трамп. Трамп ги пофали болницата и лекарите кои се грижеле за него. Тој додаде дека сметал дека е важно рано да се открие заразата.

На прашањето дали имал идеја како се заразил со коронавирусот, Трамп рече:

“Не знам. Имавме неколку големи настани во Белата куќа и можеби таму“, рече тој, додавајќи дека не може да биде сигурен.

„Тоа е едно нешто што ќе го научиш. Ова е многу заразна болест “, рече Трамп.

Тој додаде дека денес планира да одржи говор од балконот на Белата куќа.

Поврзани новости