Прво интервју на Којиќ по разводот со Северина: Жалам што не викнав трубачи кога се разведов!

by fokus

Поранешниот фудбалер Игор Којиќ, син на фолк пејачот Кеба, и поранешен сопруг на хрватската музичка ѕвезда Северина, за прв по разводот кој се случи во 2021 година, по шест години брак, во подолго интервју раскажа како живее сега и низ што минувал изминатиот период.

За хрватски Индекс, тој го започнува интервјуто со детали за средбата помеѓу него и Александар, синот на Северина, која се случила летово на Хвар.

Се случила непланирано, но со многу емоции од малиот Александар кој се израдувал на непланираната средба.

По неколку дена, случајно во ресторан, повторно се сретнале, но со него бил и неговиот татко, бизнисменот Милан Поповиќ.

Спонтано започнале разговор, и како што вели Игор, си пружиле рака за смирување.

-Имавме многу заеднички теми, но најважно беше тоа што Александар беше пресреќен што јас и неговиот татко пријателски разговараме. Замислете колку би бил тој среќен, така да разговараат и неговите родители. Потоа останавме во контакт, го поканив Александар на мојот роденден, и Милан го донесе. Многумина ме осудија кога се објавија наши заеднички фотографии, ме обвинуваа дека сум ја предал Северина, но мене ми е најважна среќата на Александар.

И на Северина и кажав дека може да го донесе кај мене, кога и да посака, јас на него гледам како на помал брат. Тој влезе во мојот живот кога имаше три години, а јас тогаш имав 26 години-раскажува Игор.

Појаснува дека со фудбал престанал да се занимава од својата 25-та година, а потоа отворил своја агенција. Моментално пишувал роман, немал љубовна врска по прекинот со Северина, и бил фокусиран на други работи.

Околу разводот, раскажа дека жали што тогаш не повикал трубачи, бидејќи требало да радува во животот, а најважно му било што е жив и здрав.

-Секоја ситуација која ни се случува денес, не учи да бидеме попаметни утре. Цел живот бев под лупата на јавноста, но најважно е да ја знаете правата вистина кога ќе ја затворите вратата на својот дом.
Жал ми е за се низ што минува Северина, но главна причина за сите проблеми со сестра и и со семејството е нејзин близок соработник-вели Којиќ.

Додава дека сега бил среќен, научил лекции од минатото, а се радувал на иднината.

Вики Клинчарова

Поврзани новости