Првото британско „хибридно“ училиште, во кое ќе учат деца до шесто одделение, и на училиште и од дома, ќе биде отворено во септември 2024 година, објави „Гардијан“.
Училиштата на Dukes Education очекуваат учениците да доаѓаат во училниците најмалку еден ден во неделата за практични предмети и да учествуваат во спортски и социјални активности, а ќе понудат четири онлајн лекции неделно и две независни студиски сесии дневно.
Дизајнирано за деца кои не сакаат училиште, кои се вознемирени или чии родители сметаат дека нема соодветни локални училишта, како и за ученици кои сакаат да го балансираат образованието со спортот, училиштето има амбиции да ги отвори своите врати за децата низ Европа.
– За разлика од другите онлајн училишта, ние не сме привремена „фаза“, ние сме вистинско училиште – рече Амбрин Бејг, која прави модели на Dukes Education училишта врз основа на моделот што го претстави во Лондон во септември 2020 година.
„Dukes Education“ раководи со повеќе од 25 училишта и колеџи во Велика Британија и Европа.
Сега Бејг има за цел да понуди хибриден модел за сите нив.
– Нашето истражување покажува дека семејствата се подготвени да патуваат доста долги растојанија за да стигнат до едно од нашите училишта, ако тоа го прават само еднаш или двапати неделно – рече таа, додавајќи дека годишните трошоци за училишните такси нема да надминат 4.000 фунти (околу £ 4.600 евра).