Прво гласање, па потоа свадба!

by Fokus

Соседна Србија вчера ги одржа парламентарните избори, на кои победа извојува Александар Вучиќ, односно неговата партија СНС.

За време на гласањето во гласачкото место Ново Селиште во Бор, присутните сведочеле на интересна и невообичаена случка, кога на гласање дошла невеста во венчаница, заедно со младоженецот.

Катарина Терзиќ и Ненад Петровиќ решиле пред да ја започнат свадбената веселба, да си ја извршат својата граѓанска должност и да гласаат.

Расположените младенци на гласачкото место ги снимиле камерите на ТВ Бор.

-Покрај венчавката, ова е уште една голема работа која моравме денес да ја завршиме. Гласањето одлучува во голема мера за нашата иднина.

Сакаме да формираме семејство и да останеме во родниот град, ја сакаме нашата држава. Се надеваме на подобар живот, затоа сме денес овде – изјавија тие.

Вики Клинчарова

Поврзани новости