615
Првата достава на вакцини од програмата Ковакс во Босна и Херцеговина ќе пристигне на 24 март, соопшти денеска Министерството за цивилни работи на БиХ.
Како што е наведено, 23.400 дози вакцина од компанијата „Фајзер/Бионтек“ ќе пристигнат на 24 март, додека 24.000 дози разредувач ќе бидат доставени претходниот ден.
Како што пренесуваат босанските медиуми, испораката на вакцини преку системот Ковакс се одвива бавно, поради што Федерацијата БиХ сè уште не добила ниту една доза од таа програма.
Властите на ентитетот во БиХ поради тоа се определија за директна набавка.
На 2 март, во Сараево, српскиот претседател Александар Вучиќ достави 10.000 вакцини од „АстраЗенека“.