Штипскиот солидарен фонд ќе ги исплати првите средства за лекување на младата медицинска сестра Сибела Омерова.
Фондот бил оформен со цел да се собираат средства за помош на штипјани, најчесто за лекување, а во солидарниот фонд се донирало преку плаќање на паркинг простор.
Според првилникот, сума од 1.000 до 1.500 евра можела да биде донирана како помош, во зависност од потребите за лекувањето.
Фондот моментално располагал со околу 500.000 денари.
Штипскиот градоначалник Иван Јорданов потврди дека Сибел ќе добие парични средства од солидарниот фонд.
-Целта, постоењето и формирањето на солидарниот фонд е да им се помогне на сограѓаните кои имаат потреба од средства за лекување. Да биде поттик и за останати општествено одговорни компании и чинители, да помогнат на граѓаните полесно да се соберат потребните пари, истакна Јорданов.
За лекувањето на Сибела на клиника во Турција се потребни околу 70.000 евра. Таа се соочува со тешка дијагноза – канцер, а штипјани ја опишуваат како доста пожртвувана медицинска сестра која секогаш била посветена на пациентите во штипската болница.
Хуманите граѓани кои сакаат да помогнат, можат да донираат на сметката на Сибела -300 087101415428, Комерцијална банка.
Вики Клинчарова