Филимот „Сестри“ или на англиски „Sisterhood“ од денеска е достапен на светската платформа „Нетфликс“. Ова е прв македонски филм што е прикачен на оваа платформа. „Сестри“ е и национален кандидат за Оскар за Најдобар интернационален филм.
Филмот е приказна за две млади девојки, средношколки, кои се нераздвојни. Но, нивното пријателство ќе биде доведено во прашање кога ќе постираат експлицитно видео на јавни мрежи од тинејџерски секс среде школски тоалет.
„Сестри“ е првиот долгометражен филм на Дина Дума, а нејзиното дело почнува да се гради по успешните краткометражни филмови: „Без љубов“ (2018), „Тие доаѓаат од центарот на светот“ (2017), „Елена“ (2016), „Враќање“ (2014), „In Absentia“ (2013). Таа е една од деветте жени кои ја обележаа 2021 во македонската филмска индустрија.