По една година откако беше претставен видео клипот „Бела топка“ и официјалниот трејлер на првиот документарен филм за големиот хрватски и светски ас на пинг-понгот, Антун Това Стипанчиќ, првата отворена јавна проекција на филмот со наслов „ТОВА – најдобрата рака, најлошиот лакт“, ќе се случи во сабота, 20 јули 2024 година, во амфитеатарот во Дуга Реса.
Инаку Дуга Реса е родниот град на Това, кој тој никогаш не го напуштил, ниту кога, како повеќекратен државен шампион, трикратен европски првак и вице-светски шампион и на крајот, светски шампион во пинг-понг, можеби животот во Загреб или друга европска метропола многу би му го олеснило животот и бројните професионални активности, сепак тој не се разделил од родното место.
„Това секогаш беше цврсто поврзан со Дуга Реса. И како светски првак и како еден од најнаградуваните играчи на пинг понг, остана скромен, а неговите пријатели се нормални „мали луѓе“ кои ги запознал како момче играјќи на Мрежница и сонувал да се искачи на врвот во пинг понгот, а се што тој сонуваше – се оствари“, вели продуцентот на филмот Петар Ќуриќ.
Имено, откако неодамна беше потврдено дека филмот „ТОВА – најдобрата рака, најлошиот лакт“ ќе стане дел од постојаната изложба на Светскиот музеј на пинг-понг во Шангај, единствениот официјален музеј на пинг-понг во светот, а во пресрет на 100-годишнината од основањето Светската пинг-понг федерацијата, по прикажувањето на документарецот во рамки на „Ријечкото кино“ , како што велат од продукцијата, се очекуваат бројни гостувања на фестивали на документарни филмови ширум светот.
Во филмот се прикажани сведоци од времето на Това, како и голем број познати спортски професионалци, меѓу кои и повеќекратниот светски шампион Иштван Јонјер (Istvan Jonyer). Водечката идеја на проектот е да се спаси хрватскиот спортски великан од заборав и да се овековечи Това и неговото време.
-Да го снимиме првиот експресионистички спортски документарен филм во Хрватска и да им покажеме на новите генерации дека дури и во тешки семејни ситуации и сиромаштија, можете да успеете и дека не мора да бидете совршени за да ги остварите вашите соништа – само треба да се верува!, велат од продукцијата.
Времетраење на филмот: 52 минути
Сценарист и режисер: Дамир Јелиќ
Производство: Синтези