Славица Столеска од Гостивар е првиот добитник на автомобилот Kia Rio 2023, од наградната игра „ЧЕКОР ДО ЗЛАТНА ДОБИВКА” организирана од Жито Маркети.
Покрај автомобилот кој е главна награда во првите три извлекувања, викендов на пригодната забава кој се одржи пред маркетот Жито Ване во Велес беа доделени и 35 вредносни ваучери од по 3.000 денари, 35 вредносни ваучери од 5.000 денари и 5 телевизори.
Еден килограм злато или поточно пет златни плочки од по 100 грама и една плочка од овој благороден метал од 500 грама ги чекаат своите шест нови сопственици на завршното извлекување на големата наградна игра, планирано во септември.
Извлекувањето на добитниците беше емитувано во живо на Facebook страницата на Жито Маркети, а за регуларноста на целиот процес беше задолжена петчлена комисија.
Иако првиот круг од наградната игра која стартуваше пред еден месец и е организирана по повод 35-тиот роденден на Жито Маркети заврши, потрагата по добитниците на златните плочки и останатите вредни награди сеуште трае.
Неизвлечените купони од првото извлекување ќе бидат вклучени во втората етапа која е во тек и трае од 15.06.2023 до 15.07.2023, третата етапа која ќе се спроведе на 26 август и на главното извлекување кое ќе биде на 30 септември 2023 година, при што ќе биде организиран голем настан со забавна програма и гости, на кој ќе се извлекуваат главните награди.
Купувајте во Жито Маркети и бидете дел од „ЧЕКОР ДО ЗЛАТНА ДОБИВКА “
Имињата на добитниците од првото извлекување се објавени на веб страницата на Жито Маркети и можете да ги погледнете на овој линк.
ПР текст