Првиот од трите американски воени авиони кои превезуваа хуманитарна помош во Газа за време на примирјето слета во Египет.
Ова е првпат американската војска да испрати авиони со храна, медицински материјали и зимска опрема за цивилите во Газа откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври, јавува Гласот на Америка.
Авион C-17 на американското воено воздухопловство слета во Египет со 24,5 тони медицински материјали и подготвени оброци, соопшти американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).
„Со 1,7 милиони внатрешно раселени и 2,2 милиони кои имаат потреба од хуманитарна помош, зголемените хуманитарни резерви се од клучно значење за спасување животи и за ублажување на страдањата на најранливите“, се вели во соопштението.
Во Газа во наредните денови ќе пристигнат уште два авиони.