Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните неофицијални резултати од изборите за градоначалници, по обработени 23,56% од гласовите на ниво на држава.
Според моменталните податоци, ВМРО-ДПМНЕ е во водство во 51 општина, што ја позиционира партијата како најуспешна досега во изборната трка. Коалицијата ВЛЕН засега има 9 општини, додека коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, е во водство во 7. Исто толку, 7 општини, моментално има коалицијата на СДСМ додека пак Демократската партија на Турците води во една општина.
И покрај првичните резултати, од ДИК информираат дека обработката на податоците се одвива со различно темпо низ општините, па додека некаде се обработени поголем дел од гласовите, во други општини процентот е значително помал. Поради тоа, можно е да има значителни промени во резултатите како што ќе се зголемува бројот на преброени гласови.