475
Шест милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот во Република Албанија ќе издвои Владата на Република Северна Македонија.
Ова беше одлучено вечерва на седница на Владата, а како дополнување на помошта за Албанија, кон оваа земја веќе се упатени и тимови за спасување составени од 30 стручни лица кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја.
Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација која ќе се ангажира во координираните акции за спасување.