Во Монголија е потврден првиот случај на новиот коронавирус кај француски државјанин кој работи во земјата, соопшти Националната комисија за вонредни ситуации.
Во соопштението се вели дека се работи за 57-годишен маж, кој патувал од Монголија во Франција, со преседнување во Москва.
Монголските валасти идентификувале 42 лица со кои пациентот се сретнал и уште 120 со кои имал близок контакт.
Монголија ги прекина сите локални патувања во провинцијата Дорногови каде што работи пациентот.
И во Панама е потврден првиот случај на новиот коронавирус, соопшти претседателот на земјата Лорентино Кортисо.
– Можеме да го потврдиме првиот случај на Ковид-19 во нашата земја. Ги зајакнуваме хигиенските мерки и ги повикуваме сите граѓани да ги следат препораките на Министерството за здравство, напиша Кортисо на Твитер.
Новиот коронавирус е откриен кај 40-годишна жена, но нејзината националност не е објавена.
Неименуваната жена допатувала од Шпанија, а по доаѓањето во Панама побарала лекарска помош откако поради висока температура и кашлање, соопшти Министерството. МИА