Први редовни парламентарни избори од независноста на Косово

by fokus

Без поголеми непреавилности, под будното око на меѓународните набљудувачи и со засилено присуство на КФОР во Косово се одржуваат парламентарни избори, на кои право на глас имаат вкупно 2 милиони граѓани од кои нешто над 100 илјади се гласачи од дијаспората.

Од вкупно 120 пратенички места 20 се загарантирани за малцинствата и тоа 10 се за Србите додека останите 10 се за другите малцински заедници.

Србите на Косово за разлика од минатите избори кога беа повикани да бојкотираат сега излегуваат масовно уште од раните утрински часови со цел да се вратат активно во косовските институции.

Она што е во фокусот на овие избори на Косово е дали досегашниот премиер Албин Курти и неговата пратија ќе имаат мнозинство од 61 пратеник за да формира влада.

Според предизборните анкети и анализите на политичките експерти, главната битка се очекува да се води помеѓу Движењето Самоопределување на Албин Курти, Демократската лига на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај.

Поврзани новости