По повлекувањето на американскиот претседател Џо Бајден од претседателската трка во САД, Кремљ соопшти дека внимателно ќе ја следи ситуацијата.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин го карактеризирал Бајден како предвидлив кандидат, кого Русија го претпочита пред Трамп.
-Изборите се за четири месеци, а тоа е долго време во кое може многу да се смени. Мора да бидеме трпеливи и внимателно да следиме што ќе се случува понатаму – рече Песков.
– Приоритет на Русија е да ги постигне целите на војната против Украина – нагласи портпаролот на Кремљ.
Претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин, побара Бајден да биде повикан на одговорност.
– Бајден создаде проблеми низ светот и во сопствената земја, САД – вели Володин.
Тој додаде дека Бајден треба „да се смета за одговорен за предизвикување војна во Украина, уништување на економиите на европските земји и за политиката на санкции против Русија и другите земји“.
Според рускиот наратив, Западот ја сноси вината за руската војна против Украина.