Први изборни резултати во САД: Значителна промена од пред четири години

by Fokus

Традиционалниот прв изборен резултат на претседателските избори во САД во 2024 година дојде од малото село Диксвил Ноч, во северниот дел на Њу Хемпшир, пренесува Данас.

Резултатот е мртва трка: три гласа за Камала Харис и три за Доналд Трамп, пишува Гардијан.

Беа потребни приближно 12 минути за да се пребројат и да се потврдат гласовите на шестмина жители на оваа мала заедница во близина на канадската граница, кои со децении гласаат на полноќ на денот на изборите.

Резултатот означува значително поместување од пред четири години, кога сите пет гласови му припаднаа на Џо Бајден.

Диксвил Ноч, во Белите Планини, го започна своето предвремено гласање во 1960 година.

Традицијата потекнува од блискиот град Хартс Локејшн, за да им се излезе во пресрет на железничарите кои морале да бидат на работа пред вообичаеното време за гласање.

Поврзани новости