515
Првата табла со новото име на државата „Република Северна Македонија“ најверојатно ќе биде поставена на граничниот премин со Грција, „Евзони“ или „Богородица“.
На социјалната мрежа „твитер“ се појави фотографија од таблата со новото име на државата, кое неделава ќе почне да се користи и во меѓународна употреба. Фотографијата ја објави грчкиот твитерџија Панос.
Во меѓувреме и Владата ги отстрани буквите од фасадата, за да биде додаден зборот „Северна“.