377
Првата дама на САД Џил Бајден е позитивна на Ковид-19, објави вчера Белата куќа.
-Оваа вечер, првата дама беше позитивна на Ковид-19. Таа моментално има само благи симптоми. Таа ќе остане во нивниот дом во Рехобот Бич, Делавер, стои во соопштението од Белата куќа, и се додава дека претседателот Џо Бајден не е позитивен.
Во овој момент нема промени во протоколите за Ковид во Белата куќа или во распоредот на претседателот, изјави пртеставник на администрацијата за Си-ен-ен.
Минатото лето и првата дама и претседателот Бајден беа позитивна на Ковид-19 и двајцата закрепнаа по појава на благи симптоми на болеста.