Првата битка ја добивме, но војната не е завршена, истакна Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека и покрај зголемените бројки, епидемијата е под активна контрола.

„Бројот на заразените е од познати кластери, а има заразени и од групни собирања. Заклучокот на Комисијата е дека зголемениот број е олабавувањето на мерките. Првата битка ја добивме, но борбата не е завршена. Во ниту еден случај не се преоптеретија капацитетите. Рестриктивните мерки се опуштаат секаде со цел враќање на животот во нормала. Комисијата донесе план за олабавување на мерките, но вирусот е тука и никој не е имун. Корона вирусот нема да исчезне и мора да стекнеме имунитет – истакна Филипче.

 

 

Поврзани новости