Прванов: Фрапантно е што ја снема „заедничката историја“ од заклучоците на Советот

by fokus

Поранешниот претседател Георги Прванов во интервју за бугарската телевизија БНТ рече дека е фрапантно што темата за заедничка историја ја снемало од заклучоците на Советот за безбедност на Бугарија.

Според него, ова прашање требало да се дефинира во позициите на Советот и јасно да стои дека заедничката историја со Македонија е од средниот век, за време на ренесансата, до почетокот на 20 век и дека таа се состои од бугарска национална свест. Но, додаде дека сега луѓето во Македонија се чувствуваат поинаку и нагласи дека тој ја почитува оваа разлика.

Тој додаде дека не ја потценил идејата што ја лансираше Румен Радев дека треба да ги бранат правата на Бугарите во Македонија, но во овој случај главна тема за нив треба да биде историјата.

Поврзани новости