Првачињата ќе поминуваат три часа неделно помалку во училиште

by Fokus

Првачињата ќе поминуваат помалку време во училиште за цели 3 часа неделно, пишува порталот Факултети.

Тие сега во просек во клупите се по 17 часа и 40 минути во текот на неделата, а со новата програма во училиште ќе поминуваат по најмногу 14 часа и 20 минути.

МОН предлага во текот на неделата учениците од прво одделение да имаат три дена по 4 наставни часа, а два дена по 3 наставни часа. Вкупното време што учениците ќе го потрошат на инструкции изнесува 12 часа неделно. Во споредба со старата програма (15 часа и 20 минути), има намалување на наставата за цели 3 часа.

 

Поврзани новости