Прва жртва на новиот корона вирус во Полска

by fokus

Во Полска од новиот корона вирус почина 57-годишна жена, која веќе страдала од сериозни болести, соопшти денеска заменик градоначалникот на Познањ, Једржеј Соларски.

Тој демантираше дека починатата жена работела во образовна институција.

- Advertisements -

Во Полска досега се потврдени 47 случаи на Ковид-19, 317 се хоспитализирани под сомнение дека се заразени, додека над илјада лица се во домашен карантин.

Во земјата откажани се сите масовни настани, а на две недели затворени се училиштата, факултетите, музеите, театрите и кина.

Поврзани новости