761
Попладнево во Софија почина жената која вчера беше хоспитализирана во исклучително тешка состојба, а кај која беше утврден позитивен тест на Ковид-19.
Пациентката имала хронични кардиоваскуларни проблеми и претходна операција на срцето. Жената дошла во болницата „Пирогов“ со тешка пневмонија.
И покрај извршените интензивни реанимациски мерки, лекарите не успеале да го спасат нејзиниот живот.
Екипа на болницата „Пирогов“ и натаму се бори за животот на 74-годишен маж, кој исто така има позитиовен тест на коронавирус.