Прва венчавка во Кочани по воведувањето на вонредната состојба

by Fokus

Подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги од Кочани попладнево ја направи првата венчавка по прекинот од над два месеца по воведувањето на вонредната состојба во државата поради епидемијата од корона вирусот.

При венчавањето беа почитувани пропишаните мерки за здравствена заштита, односно во просторијата присуствуваа само младоженците, двајцата сведоци и матичарот, за кои беа обезбедени маски и средство за дезинфекција.

– Од почетокот на вонредната состојба, односно од 6 март досега немавме ниту еден склучен брак, така што веќе закажаните венчавки беа одложени. Во меѓувреме имаше барања за венчавка на лицата кои поради остварување некакви законски права, заминување во странство или по други основи имаа потреба да склучат брак, па им дадовме приоритет. За оваа и за наредната недела веќе имаме евидентирано неколку пријави за венчавање и тие ќе бидат реализирани според распоредот што веќе се изготвува, истакна Косте Вучков, матичар во подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги од Кочани.

 

Поврзани новости