Прва турнеја по смртта на баритонот Карлос: ,,Ил Диво” доаѓа во Скопје!

by Fokus

Мултинационалната музичка група ,,Ил Диво” ќе одржи концерт во Арена Борис Трајковски, Скопје, на 15-ти октомври.

Настанот кој е во организација на Прагма Продукција е најавен како голем спектакл, а влезниците ќе бидат пуштени во продажба од утре.

Инаку, членовите на групата, Американецот David Miller, Французинот Sebastien Izambard и Швајцарецот Urs Buhler, ја посветуваат турнејата на Карлос Марин, баритонот кој членуваше во Ил Диво 18 години, а кој почина лани во декември на 53-годишна возраст.

Како што соопштија тогаш од групата, Карлос се инфицирал со Ковид-19 и на седми декември бил хоспитализиран на клиника во Манчестер, и беа откажани нивните концерти во Шкотска. По 13 дена минати во кома, тој не успеа да се избори со вирусот.

,,Ил Диво” моментално се на турнеја низ Америка.

Вики Ккинчарова

Поврзани новости