Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи првата редовна седница во 2020 година со неколку точки на дневен ред.
На оваа седница ќе се разгледа и ќе се донесе одлука по Предлогот за определување на заменици на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.
Владата денеска ќе го разгледа и ќе донесе одлука за Предлогот за именување на претседатели и членови на основните комисии на Владата на Република Северна Македонија, како и по предлогот за именување на претседатели и членови на посебните комисии на Владата на Република Северна Македонија.
Седницата на Владата на Република Северна Македонија се очекува да започне во 11:00 часот и со неа ќе претседава претседателот на Владата, Оливер Спасовски.