Наташа Пирц Мусар, која победи во вторуот круг на претседателските избори во Словенија, е адвокатка што поседува три фирми и собира фигури од бувови.
Пирц Мусар е првата жена претседателка на Словенија, а целта ја постигна без партиската инфраструктура која го поддржа нејзиниот противкандидат.
Родена е во 1968 година во Љубљана во работничко семејство. Детството го поминала во Камник, а сега живее во Радомље.
Дипломирала на Правниот факултет во Љубљана во 1992 година, а 23 години подоцна докторирала на Правниот факултет во Виена.
Првата работа и беше на националната телевизија, а по шест години се пресели во ПОП ТВ.
Во јули 2004 година, Националното собрание ја избра за првпат за Комесар за информирање, а вториот петгодишен мандат на оваа функција го заврши во 2014 година.
Оттогаш таа се занимава со адвокатура.
Таа е активна и на социјалните мрежи, има повеќе од 54 000 следбеници на Твитер.
Дома има две чивави и колекција фигурини од бувови кои ги собира веќе дваесет години.
Мусар вели дека ја сака оваа птица бидејќи е симбол на мудроста.
Нејзино хоби е и возење мотоцикли.