Министерот за одбрана на Украина – Алексеј Резников соопшти дека поднел оставка до Врховниот совет.
– Беше чест да му служам на украинскиот народ и да работам за армијата на Украина во последните 22 месеци, во најтешкиот период од модерната историја на Украина – рече Резников.
I have submitted my letter of resignation to Ruslan Stefanchuk @r_stefanchuk, Chairman of the Parliament of Ukraine @verkhovna_rada
It was an honor to serve the Ukrainian people and work for the #UAarmy for the last 22 months, the toughest period of Ukraine’s modern history.
🇺🇦 pic.twitter.com/x4rXXcrr7i— Oleksii Reznikov (@oleksiireznikov) September 4, 2023
Еден ден претходно, претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави одлуката за разрешување на министерот за одбрана и на негово место го предложи Рустем Умеров.
Шефот на кримскиот парламент Владимир Константинов изрази мислење дека оставката на министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников е поврзана со неуспехот на контраофанзивата на украинските војници.