Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и неговата сопруга Маринела за првпат ја дочекаа Новата година како родители со ќеркичката Бјанка, која се роди во август минатата година.
Тие позираа заедно со четиримесечната ќерка покрај новогодишната елка, упатија желби за здравје, среќа и многу насмевки во 2024 година.
Инаку, Бочварски и Маринела се венчаа во 2022 година по една година врска. На нивната свадбена забава која се одржа во познат хотел присуствуваа голем број на министри и негови партиски колеги од СДСМ.
Неговата 12 години помлада избраничка дипломирала медицина, додека пак тој првин беше пратеник во собранието, потоа стана градоначалник на Штип, а од 2020 година е на функцијата министер за транспорт и врски.
Кога во август ја добија Бјанка, тој се заблагодари на тимот од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, и како и на сопругата.
-Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка – објави тогаш среќниот татко.
Вики Клинчарова