Прва Меѓународна Коучинг Конференција на 6 и 7 ноември 2024 година во Скопје

by Fokus

Сојузот на стопански комори на Македонија ви ја споделува поканата на НЛП Македонија за „Првата Меѓународна Коучинг Конференција”, организирана од Центарот за бизнис психологија „Системски НЛП – ЈИЕ” и АД ВЕРБУМ Ивенти, на 6 и 7 ноември во Скопје.

Под мотото “Животот е процес, развојот е избор”, ве покануваме да бидете дел од овој интерактивен настан, кој кај вас ќе поттикне трансформација на лично и професионално поле.

Коучингот како методологија му е потребна на секој индивидуалец кој управува со процеси и луѓе.

Затоа коучинг конференцијата ќе вклучи професионални коучи, инспиративни лидери и експерти од различни области на едно место, со цел да ја истакнеме поврзаноста на лидерството и коучингот, да ги приближиме најновите трендови од областа на коучингот и преку вмрежувањето да поттикнеме трансформација.

– За кого е наменета оваа коучинг конференција?

За бизнис професионалци од сите области, основачи на семејни бизниси, професионални коучи, терапевти и психолози, за сите индивидуалци кои сакаат да го збогатат своето знаење и да ја искусат моќта на коучингот.

– Кои се бенефитите од вашето учество на коучинг конференцијата:

Преку интерактивните коучинг презентации и работилници ќе имате можност да научите како поедноставно да се справувате со промени, да ја зајакнете отпорноста и да го намалите стресот, да ја зголемите свесноста за себе и вашето опкружување, да ги менаџирате емоциите, да ја подобрите вашата ментална кондиција и на тој начин да имате поголема самодоверба во водењето на луѓе и процеси.

Делувајќи како катализатор коучингот помага подлабоко да се истражите себеси, дојдете до увиди за своите основни вредности и вашиот потенцијал, што ќе ви помогне да бидете инспирација и мотивација за вашите колеги, ќе ја поттикнете тимската работа, транспарентноста меѓу вработените, нивната продуктивност, посветеност и личен придонес во зголемување на резултатите на организацијата во целост.

Очекувајте 2 дена исполнети со богата содржина, едукативни презентации, инспиративни дискусии и секако забава и дружење.

Повеќе информации за вашата инвестиција и специјалните попусти за учество на овој настан ве очекуваме на број за контакт 078 402 762 и воедно ве покануваме да ја разгледате нашата веб страна: www.coachingconference.mk

Ние веруваме дека коучинг конференцијата ќе ве инспирира и едуцира, воедно и заедно ќе го издигнеме коучингот како професија на највисоко ниво.

Поврзани новости