Маж од Флорида, 64-годишниот Џејмс Денис Форд, осуден за убиство на маж и жена за време на риболов, вечерва ќе биде погубен со смртоносна инјекција на првото погубување во државата оваа година.
Убиството се случило во присуство на дете, кое сето тоа го гледало.
Форд беше осуден на смрт за убиство на Грегори и Кимберли Малнор во 1997 година на оддалечената фарма на југозападна Флорида од која ловеле риба.
Форд и Грегори Мулнор работеле заедно на фарма во округот Шарлот. Врховниот суд на САД во средата ја отфрли конечната жалба на Форд без образложение.
Судот утврдил дека Форд го нападнал Грегори Малнори, прво пукајќи го во главата со пушка, а потоа го претепал со тап предмет и на крајот му го пресекол гркланот.
Кимберли Малнор била претепана, силувана и потоа застрелана со истото оружје.
Нивната 22-месечна ќерка Маранда, била сведок на убиствата додека била врзана за седиштето на отворениот пикап на семејството. Таа преживеала 18 часа пред работниците да го откријат местото на злосторството.
Инспекторите рекоа дека таа била пронајдена покриена со крвта на нејзината мајка и преплавена со каснувања од инсекти.
Маранда Малнор неодамна изјави дека не се сеќава што се случило и дека на своите родители се сеќава само преку фотографии и спомени на другите.
Форд првично и рекол на полицијата дека семејството Малнор биле живи кога ги оставил да одат на лов, сугерирајќи дека некој друг ги убил.
Пушката подоцна беше пронајдена во ров во близина на местото каде што камионот на Форд остана без бензин, а обвинителите на неговото судење презентираа ДНК докази кои го поврзуваат со двете убиства.
Поротата гласаше за смртна казна, која судијата ја прифати.