Прва дестинација на Силјановска ќе биде Рим

by Фокус

Новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, веќе ја резервираше својата прва официјална дестинација. Таа ќе патува во Рим на чествувањето на 24-ти мај за светите браќа Кирил и Методиј.

На 23-ти мај претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а на 24-ти ќе ја посети базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и базиликата Санта мариа Маџоре каде се наоѓа плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со колегата Серџо Матарела. Нема информација дали ќе се сретне и со бугарскиот колега Румен Радев, пракса која се воспостави по потпишувањето на договорот за добрососедство.

Поврзани новости