Прв солистички концерт на Васил Гарванлиев во Струмица

by fokus

Музичарот Васил Гарванлиев, познат своевремено како малото момче кое го отпеа детскиот ев

ергрин ,,Маријонка”, по 25 години кариера ќе го одржи својот прв солистички концерт.

Настанот ќе се случува на 29-ти ноември (петок) во НУЦК ,,Антон Панов” во Струмица, а билетите по цена од 200 денари веќе се пуштени во продажба.

Струмичанецот најавува музичко патување низ времето и многу гости на концертот. Игор Џамбазов, Давор Јордановски, Горан Алиќ, Ратко Даутовски, Кеми Асанов и многу други се само дел од уметниците кои ќе ја збогатат програмата.

-Да патуваме заедно под ѕвездите на Струмица – порача Гарванлиев пред првиот солистички концерт и најави премиерни изведби на песни и изненадувања за публиката.

Вики Клинчарова

Поврзани новости