570
Тестот на корона вирус на руски државјанин, кој престојувал во Италија, покажал дека тој е позитивен на Ковид-19, изјави портпарол на рускиот тим за борба против корона вирусот.
– Вирусот Ковид-19 е потврден денеска кај руски државјанин кој се вратил од Италија, истакна портпаролот, додавајќи дека кај пациентот е дијагностициран полесен облик на болеста.
Ова е прв случај на корона вирус кај руски државјанин, иако во претходните денови се објавувале информации на социјалните медиуми дека „епидемијата се шири низ Москва“, но руските официјални претставници ги демантирале таквите тврдења.