Прв пациент од Ковид 19 почина на штипското Инфективно одделение

by Fokus

Осумдесет и шестгодишен маж, кој беше хоспитализиран на Инфективното одделение во Штип почина од корона вирус, информираа од болницата.

Тој е прв пациент кој почина на ова одделение. Претходно двајца пациенти од Штип починаа на скопската Инфективна клиника.

Во соопштението од штипската Клиничка болница се наведува дека 86-годишниот маж починал утрово во 7.30 часот. Бил болен од коронавирусна инфекција и двострано воспаление на белите дробови.

-На одделението за Инфективни болести беше примен на 26 мај, со оглед на возраста имаше и коморбидитети. И покрај преземените тераписки мерки, според протокол за лекување на тие пациенти, следеше влошување на здравствената состојба, која заврши со лош исход, се наведува во соопштението од болницата.

На ова одделение  се лекуваат вкупно 21 пациент,  од кои четвторица се со повремена кислородна поддршка.

Поврзани новости