После три години правна постапка, хомосексуална двојка успеа да стане згрижувачко семејство на две деца и со тоа првата згрижувачка истополова двојка во Хрватска, беше објавено денеска во Загреб.
– Сакаме официјално да потврдиме дека Младен Кожиќ и Иво Шегота станаа првиот геј пар во Хрватска што вдоми две деца и планира да вдоми повеќе, рече претседателот на здружението на Виножитово семејство, Даниел Мартиновиќ на прес-конференција на плоштадот Свети Марко во Загреб.
Тој нагласи дека со ова заврши тригодишното патешествие, што беше потребно за целата правна постапка за да докажат дека животните партнери во Хрватска треба да ги имаат истите права како и брачните другари.
Мартиновиќ рече дека Кожиќ и Шегота повеќе нема да даваат изјави за новинарите, бидејќи, според упатствата на Центарот за социјална работа, не може да се споделуваат информации за децата, но додаде дека тие се многу среќни и минуваат низ сè што минуваат и останатите семејства.
Тој изјави дека друга хомосексуална двојка аплицирала за згрижување и дека уште неколкумина размислуваат за тоа