Прв пат во 70 години сите енергетски капацитети во државата се во функција и работат, велат од СДСМ

by Fokus

РЕК Битола работи со полн капацитет, со сите три блока. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија, порачаа утрово од СДСМ.

Според соопштението, прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и работат.

-Електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот. Цената на електричната енергија не се зголемува. Граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија. СДСМ со одговорни политики, чесна и посветена работа ги заштити фирмите и граѓаните од ценовен шок, стои во партиското соопштение од СДСМ.

 

Поврзани новости