Прв пат во 20 години високи функционери на ДУИ со лисици на рацете и специјалци донесени на суд

by Fokus

Прв пат во 20 години високи функционери на ДУИ со лисици на рацете и специјалци донесени на суд

Ексминистерот и лидерот на ДУИ во Чаир, Беким Незири вчера со лисици на рацете и придружуван од специјалци беше спроведен во Кривичниот суд, заедно со уште три лица. Ваквата глетка е навистина ретка изминатите 20 години и само го покажува повисокото ниво на независност на институциите.

Тие беа спроведени во судот и обвинителството бараше притвор за за „Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од Кривиниот законик, кривично дело кое се казнува со најмалку 5 години затвор.

Судот не им определи притвор, туку забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, одземање на патната исправа, односно забрана за нејзино издавање и забрана за комуникација со оштетениот како и меѓусебна комуникација.

Поврзани новости