533
САД го издадоа првиот пасош кој содржи категорија Х, односно родово неутрална категорија за оние кои не сакаат да се изјаснат дали се машко или женско, соопшти Стејт департментот.
„Како што беше објавено во јуни, Стејт департментот ја воведува Х категоријата за небинарни, интерсексуални и родово неусогласени лица кои аплицираат за американски пасош“, рече портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
Оваа можност ќе се нуди редовно од почетокот на 2022 година, до кога се очекува да бидат направени промените во системот и ажурирањата на формуларите.