419
11-годишна ученичка во основно училиште во општина Карпош се здоби со повреда, скршеница на левото рамо, откако прозорц се откачил во училница за време на наставата. Случајот вчера во полицијата го пријавил 32-годишниот татко на девојчето.
„ Ф.К. пријавил дека на 15.03.2018 година додека неговата 11- годишна ќерка била на час во основно училиште при обид од страна на наставничката да го отвори прозорецот од училницата, истиот се откачил и паднал врз неговата ќерка, која седела до прозорецот и притоа ја удрил во левото рамо. По завршувањето на часовите, кога дошла дома се пожалила на болки во левото рамо и по прегледот во Градската општа болница “8-ми Септември“ констатирано и била скршеница на коска на рамото“, велат од полицијата.