Провокација во Собранието, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ спуштија парола до Јовески

by fokus

На денешната јавна расправа за Законот за јавно обвинителство во Собранието, се случи провокација, бидејќи додека зборуваше републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, од галеријата, каде што седат новинарите, се спушти парола на која беше испишана порака наменета за Јовески.

„До кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба„?

Пратеникот Александар Кирацовски бараше пауза, а на одговорност за провакацијата го прозва пратеникот Антонијо Милошоски. Обвинителот Јовески истакна дека не му пречи и дека тој може да продолжи да зборува, по што паролата набрзо беше тргната.

 

 

Поврзани новости