Провокации од РТС: Вселенската патријаршија ја призна „северномакедонската“ црква за канонска

by fokus

Српската државна телевизија РТС не ја прифати добро одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае македонската црква под името Охридска архиепископија за канонска црква.

РТС објави текст со наслов  „Вселенската патријаршија ја призна „северномакедонската“ црква за канонска“. Во текстот се пренесува дека медиумите во Скопје пишуваат за оваа одлука на Вселенската патријаршија и цело време се користи терминот „северномакедонска“ црква.

Понатаму во текстот се цитира соопштението на Вселенската патријаршија.

Поврзани новости